Основачот на Megaupload е ослободен од затвор со кауција, чека судење за екстрадикција во САД
Ким Дотком ќе биде ослободен од затвор со кауција, но оваа слобода ќе биде под строги услуви. Судот од Нов Зеланд му забрани интернет пристап по барање на обвинителите кои велат дека Ким Дотком има доволно финансии за повторно да го стартува Megaupload.
Twitter со многу подобрувања во новите верзии за iOS и Android
Во новата верзија 4.1 за iPhone и верзијата 3.1.0 за Android по барање од јавноста вратен во употреба е Swipe гестот, додадени се опциите за copy и paste за твитовите и профилите, како и многу други подобрувања од погледот на перформансите и стабилноста на апликацијата.
Словенија се здружи со Полска, кажа „НЕ“ за ACTA
Откако Полска кажа „не“ за ACTA по големите протести низ државата, сега и Словенија го прави истото – ја запира одлуката за ратификација на ACTA договорот. Во Љубљана излегоа над 1.500 души на протест против ACTA, а словенските власти започнаа да се предомислуваат за договорот.
Appstore за iOS наскоро ќе стигне до 25 милијарди симнати апликации
Од моментот на пишувањето на оваа статија, Appstore брои 24.440.293.543 симнувања на апликации, бројка што во живо се освежува секоја секунда. Тој што ќе ја симне апликацијата број 25.000.000.000 ќе добие награда од 10.000 долари што Apple сигурно може да си ја дозволи затоа што во последната година го има скоро дуплирано бројот на симнати апликации од Appstore за iOS.
Clear – Одлична и едноставна To-Do апликација за iPhone
Кога листата со задачи и обврски ќе ви стане пренатрупана и се прашувате како да се организирате и од каде да почнете? Тогаш Clear е вистинската апликација за вас! Оваа одлична апликација за организирање на листи со разни обврски ќе ви ја олесни работата на многу едноставен начин.
Тime.mk го возвраќа ударот: Линковите се јавна сопственост
Oткако се отрки и дека Утрински весник, Дневник и Вест ќе им се придружат на другите .мк медиуми и ќе се повлечат од Time.mk од кој бараа паричен надоместок, агрегаторот го смени начинот на работа и реши да ги објави медиумите повторно.
Конференција POINT - Политичка одговорност и нови технологии
Конференцијата POINT (Политичка одговорност и нови технологии) е регионална конференција на организациите на граѓанското општество од 7 земји од Југоисточна Европа кои интензивно се ангажираат во користењето нови технологии во нивната работа.
Во 2011 се потрошени 1,66 милиони евра за интернет огласување (инфографик)
Интернет огласувањето забележа раст од 30 отсто во 2011-та година, достигнувајќи 1,66 милиони евра, споредено со 1,2 милиони евра од 2010-та, се вели во истражувањето на Httpool Македонија.
Де факто фатени во АКТА
Овој договор користи нејасни и непрецизни зборовни конструкции во обидот да воспостави де факто интернационални правни стандарди за авторските права. Со други зборови, секој ќе биде виновен за прекршување на законите во моментот кога АКТА ќе сака тој да биде виновен
Стоп за ACTA (.мк инфографик)
Стравот од АCTA се пренесе и во Македонија, иако трговскиот договор не ја вклучува земјава, ниту таа е потписничка. Можеби стравот лежи во тоа дека ако дојде време кога ќе треба да се потпише ваков договор кој е наменет против пиратеријата, македонските власти ќе потклекнат и ќе го потпишат без размислување следејќи го примерот од поголемите земји кои и угодуваат на забавната индустрија.
Кои се Anonymous? – Anonymous group
Можеби и вашите први комшии, можеби некој од нашите деца , можеби некој од вас и се’ така нема да бидеме сигурни додека не ги уапсат. Кои се овие цунами на интернетот кои задскриени зад нивните лаптопови или компјутери прават ’ршум низ интернетот, напаѓаат и обараат Web страници на светските влади, светски владини инстиуции кои се најсофистицирано заштитени од било каков хакерски напад.
(Инфографик) Историја на мобилните маркети за апликации за нивните поважни достигнувања
Бројот на достапни апликации како и бројот на преземени апликации се зголемува со секое ваше трепнување. Дали некогаш сте се запрашале како изгледа хронолошкиот распоред на главните достигнувања на 5те главни маркети за апликации?


