Популарни
<Линиите на убавината->
Пиет Мондријан помина монашки уметнички живот сликајќи ги холандските шуми, ветерници, пристаништа и рамнини, за потоа да ги редуцира во вертикални и хоризонтални црни линии и блокови од примарни бои на бела подлога. Тео Ван Дуисбург, неговиот екстровертен современик, сликаше слични геометриски апстракции, пишуваше поеми, публикуваше магазини, работеше архитектура и дизајн, континуирано, градејќи мрежи со современиците/уметници низ Европа, за да ја промовира авангардата.


